Утрински Весник
Македонија

Се бараат засилени сообраќајни контроли за тешки товарни возила на подрачјето на Куманово

Се бараат засилени сообраќајни контроли за тешки товарни возила на подрачјето на Куманово

Куманово, 13 март 2020 (МИА)Поголема координираност помеѓу полицијата и општинските инспекциски служби и засилени сообраќајни контроли при движење на тешки товрани возила на подрачјето на Општина Куманово побара денеска  градоначалникот Максим Димитриевски на седница на Советот на Општината. 
Во рамки на разгледување на информацијата за преземени мерки и активности од полициската станица од општа надлежност Куманово при движење на тешки товарни возила во градот, Димитриевски нагласи дека е потребно заедничко дејствување на полицијата и општинската инспекција, бидејќи, рече, во одредени делови од градот како што се патот кон Пчиња, на влезот на Куманово се движат тешки товарни возила кои ја оштетуваат и онака кревката сообраќајната инфраструктура.

Овие возила треба да имаат дозовола од Општината, согласно донесената одлука на Совет и да поседуваат решение. При легитимирање вели Димитриевски, возачите не го покажуваат решението,  а во некои случаи и не им било побарано од страна на службените лица.

-За жал, морам да констатирам  оваа одлука на териротијата на Општината не се почитува во целост, ниту се бара таков документ од страна на овластените лица, од страна на полициските службеници. Денеска на патот кон Пчиња имаше над 20 тешки товарни возила со над 40 тони тежина, има и со регистарски таблиици од странски држави, стопирани се на самото место и пуштени да фунцкионираат, без да се побара асистенција од инспектор од општинските служби, рече на седницата кумановскиот градоначалник.

Димитриевски побара и поголема контрола од полицијата и при узурпација на јавно-прометни површини од страна на вакви возила, наведувајќи ги како пример паркингот кај спортската сала, делови од населбите Гладно Поле и Карпош.

Кумановскиот градоначалник побара и поефикасно откривање на сторителите кои ја уништуваат сообраќајната и вертикалната сигнализација, урбаната опрема и нагласи дека често се случувало полициски службеници да ги препраќаат барањата на граѓаните за одредени проблеми во општината и лично кон него. Тој побара пријавите на 192  добро да се разгледаат, да се реагира и граѓаните да бидат задоволни од исходите од пријавите.

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска побара од командирката  Зорица Вукановиќ информации што преземаат во  моментов за Табановце, каде што, според нејзиното кажување, жителите реагирале на групи мигранти кои им влегувале во куќите. Вукановиќ истакна дека таму има засилена контрола, 24-часовна покриеност, има соодветен акциски план и се преземаат сите мерки и дека засега нема евидентирано такви пријави, а доколку има, ќе се постапи согласно законот.

Советникот од опозицјата, Зоран Петрушевски рече дека материјалната штета од вкупните извршени кривични дела, лани, изнесувала над 138 милиони денари.

Командирот на полициската станица, Вукановиќ одговарајќи на прашања на советници рече дека редовно се спроведуваат контроли во кумановската населба Средорек, се откриваат сторители и дека нема банди меѓу децата. Безбедноста состојба во Куманово е стабилна, посочи командирката Вукановиќ. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре