Утрински Весник
Политички Партии

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите капацитети за справување со коронавирусот, а системот во еден дел потфрли

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски на Политичкото Собрание на ЕНП

 

Скопје, 12 март 2020

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва гостуваше на емисијата „Патот кон“ на телевизија АлсатМ.

Во текот на гостувањето Муцунски укажа дека корона вирусот е глобален проблем и тема која ги надминува границите на дневната политика бидејќи се работи за здравјето на граѓаните.

Муцунски посочи дека Владата доцнеше со спроведување на некои од мерките.

„На прашањето дали потфрли системот, да потфрли. Некои мерки требаше да се преземат порано, како контрола на границите. Немаше навремена контрола на копнените гранични премини, а дел од здравствените работници укажуваат дека системот за жал не е соодветно подготвен“, рече Муцунски.

Муцунски на гостувањето кажа дека Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и партијата воопшто ги става на располагање сите капацитети за надминување на оваа ситуација

„Нудиме конкретни мерки и ги нудиме и сите ресурси со кои располагаме“, рече Муцунски.

Во контекст на изборната кампања за претстојните предвремени парламентарни избори на 12-ти април, Муцунски посочи дека веројатно ќе е потребно редимензионирање на кампањата, и дека почитувањето на мерките е клучно.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт