Утрински Весник
Спорт

Заврши сезоната и во скијачки скокови, Светскиот куп за Штефан Крафт

Заврши сезоната и во скијачки скокови, Светскиот куп за Штефан Крафт

Оберхофен, 12 март 2020 (МИА) – Меѓународниот скијачки сојуз (ФИС) донесе одлука за одложување на Светското првенство во скијачки скокови на Планица (19-22 март) за наредната сезона. Директорот на Светскиот куп, Валтер Хофер, истовремено порача дека оваа сезона е завршена.

– Со оглед на натамошното ширење на коронавирусот и допопнителните ограничувања во врска со патувањата, Светското првенство во скијачки скокови се одложува за сезоната 2020/21. Новиот датум ќе биде дополнително одреден, објави ФИС.

До крајот на тековната сезона требаше да се одржат уште два натпревара, едниот на скокалницата во Трондхајм во Норвешка, а вториот во Викерсунд, но и двата се откажани.

На тој начин победник во Светскиот куп по вторпат во кариерата стана Австриецот Штефан Крафт кој освои 1.659 бода, 150 повеќе од Германецот Штефан Гајгер, единствен кој имаше шанси да го преземе врвот во генералниот пласман. сѓд/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига