Утрински Весник
Македонија

Дел од кафулињата во Дебар самоницијативно ставаат „клуч на врата“

Дел од кафулињата во Дебар самоницијативно ставаат „клуч на врата“

Дебар,12 март 2020 (МИА) – Со цел да се спречи ширење на коронаврусот поголемиот дел од сопстевниците на кафулиња во Дебар одлучија од утре да ги затворат своите локали.

-Станува збор за самоиницијатива на сопствениците на кафулињата, за што ме информираа на денешната средба, во што добија подршка од локалната власт, изјави за МИА, градоначалникот Хекуран Дука.

Се заблагодари на дебарското муфитството и дебарската парохија, кои ги прифатиле препораките за избегнување поголеми собирањата на верниците.

Тој го повтори апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните, да ја зачуваат воздржаноста и да не создаваат чувство на страв и паника. Најави дезинфекција на сите објекти и дел од улиците.

Дебарското подрачје е најпогодено од опасниот вирус. Од потврдените девет случаи во државава дури седум се од овој крај, однодно пет во Дебар и две лица во Центар Жупа.

Во домаша изолација се 34 лица, од нив 21 во Дебар, а 13 во Центар Жупа. Меѓу нив има и здравстени работници.вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Посвежо време со северен ветер: Денеска дожд на северот, снег на високите планини

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија