Утрински Весник
Економија

Граѓаните да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи, апелираат компаниите

Трошоците на живот во јули пораснале 0,8 отсто

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од корона вирусот и да не подлегнуваат на панично купување прехранбени производи, порачува Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Според  претседател на Здружението, Ѓорѓи Петрушев, компаниите-членки активно комуницираат меѓусебе и ги преземаат сите мерки за превенција од коронавирусот со цел безбедно производство и дистрибуција на производите и услугите, согласно насоките од Министерство за здравство.

Здружението апелира до сите компании од земјоделско-прехранбениот сектор да формираат дезобариери на влезовите за возила што превезуваат луѓе и кои дистрибуираат производи. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Од бакарот во Иловица до антимонот кај Крива Паланка: каде е Македонија во трката за критични минерали?

СДСМ: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами – следува криза и уште поскапа храна

Левица: Дизелот ја проби стотката, ДПМНЕ го продаде контролниот пакет во ОКТА, а денес со полно ДДВ ја наплаќа кризата од џебот на граѓаните