Утрински Весник
Македонија

Владата потпиша меморандум за соработка со Нансен дијалог за обуки за интеркултурно образование

Владата потпиша меморандум за соработка со Нансен дијалог за обуки за интеркултурно образование

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Координативното тело за изготвување и следење на имплементацијата на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 при Влада на Република Северна Македонија склучи меморандум за соработка со Нансен дијалог центарот Скопје како дел од низата активности кои се спроведуваат за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Меморандумот, информираат од владината прес-служба, го потпишаа националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата, Роберт Алаѓозовски и извршниот директор на Нансен дијалог центарот Скопје Ветон Зеколи.

Соработката опфаќа организирање на циклус од преку 60 обуки за интеркултурното образование, наменети за воспитно-образовниот кадар во државата. Планирани се интерактивни обуки за наставници од основно и средно образование, кои ќе дадат значаен придонес во развој на концептот за интеркултурно образование, како еден од клучните приоритети на стратегијата.

Креираната програма за обуки има за цел да ги сензибилизира наставниците за многубројните и разновидни воспитно-образовни инцијативи и приоди со интеркултурна димензија и квалитет.

На настанот, се наведува во соопштението, била потврдена посветеноста на Владата во спроведувањето на развојот на концептот за едно општество и интеркултурализмот, особено во сферата на образованието. аа/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Шумски пожар над охридските села Куратица и Опеница, на терен дејствуваат три ер-трактори

ДУИ да одговори – дали за време на нивните патувања избегнуваат скенери, вели Таравари