Утрински Весник
Економија
Img 7972

МБА апелира до клиентите да ги ограничат посетите во експозитурите

МБА апелира до клиентите да ги ограничат посетите во експозитурите
300x250 opst2

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Македонската банкарска асоцијација апелира до клиентите на банките, штедлиниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро да ги ограничат посетите на експозитурите и деловните простории, да избегнуваат директен контакт и ракување со вработените и да се придржуваат целосно до сите препораки на Владата.

– Сите наши членки продолжуваат посветено да работат на одржување на високо ниво на квалитет во испораката на банкарските и другите финансиски услуги за граѓаните и правните лица, при што до сите нив се апелира секогаш и секаде каде што тоа им го дозволуваат околностите да ги користат алтернативните начини за добивање на банкарски услуги како што се електронското банкарство, мобилното банкарство итн. кои не бараат нивно физичко присуство во банките со што директно ќе се придонесе за спречување од ширење на болеста, се наведува во соопштението. 

Од асоцијацијата наведуваат дека комуникацијата и координацијата меѓу членките се одвива на перманентна дневна основа и се преземаат мерки и активности согласно развојот на состојбите. бак/лв/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес

ВИНОТО ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 7,1 МИЛИОН ЕВРА: Една винарница е на врвот, а другите се далеку зад неа

М-Р МИХАЈЛО БОРОЗАНОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: ПРОДУКТИВНОСТ, ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА ДРЖАВАТА