Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Коронавирусот ја разниша и мелничко-пекарската индустрија

Коронавирусот ја разниша и мелничко-пекарската индустрија
300x250 opst2

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Намалена потрошувачка, намален број нарачки и неможност за реализирање на договореното, се првичните штети во мелничко-пекарската индустрија што ги предизвика состојбата со коронавирусот.

Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.

– Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти. Воедно очекуваме надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат, истакна денеска на прес-конференција потретседателот на Агро бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.

Според него, државата не треба да прави ништо посебно, туку само да го следи примерот на развиените земји во Европа и така да реагира. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пецаков вели дека случајно се сретнал и седнал со Црвенковски

(Видео) Хакери ја бутнаа веб-страницата на скопската Автобуска станица и се закануваат кон македонските власти

Уставните промени се последниот чекор кон ЕУ, порача Фон дер Лајен