Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Кари: Кошарката ќе се врати, засега внимавајте на себе

Кари: Моето враќање беше планирано за 1 март
Img 7972

Сан Франциско, 12 март 2020 (МИА) – Кошаркарот на Голден стејт, Стивен Кари упати апел до навивачите во врска со суспензијата на регуларната сезона во НБА 2019/20 поради пандемијата на коронавирус.

– Нешто не е во ред во 2020. Јас дури и не знам со што да споредам ова што се случува. Само зацврстете го безбедносниот ремен, водете сметка за себе и вашите најблиски. Кошарката еден ден ќе се врати. Сега, грижете се за себе, изјави кари.

За потсетување, раководството на НБА лигата денеска донесе одлука за прекин на сезоната, откако се дозна дека играчот на Јута, Руди Гобер бил заразен со коронавирус. Позитивен на вирусот е и соиграчот на Гобер, Емануел Мудиј. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион