Утрински Весник
Македонија

Превирања за лидерската позиција во Синдикатот на работниците од сообраќај и врски

Превирања за лидерската позиција во Синдикатот на работниците од сообраќај и врски

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Синдикатот на работниците од сообраќај и врски (СРСВМ) се соочува со превирањата околу лидерската положба. Поранешниот претседател Методија Димески тврди дека повторно е резибран за претседател на Собранието одржано на 28 јануари годинава, но оти Министерството за труд и социјална политика се уште не доставило известување до Централниот регистар каде Миќо Стојановски е запишан како претседател.
– Во моментот во Централен регистар на Република Северна Македонија се уште е впишано лицето Миќо Стојановски, кој не е член на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врски од 2014 година. За лицето имаме испратено документација од која јасно се гледа дека членува во друг синдикат (КСС). Согласно член 6 од Статутот на СРСВМ, лице кое членува во друг сојуз неможе да биде претседател на СРСВМ. И покрај  сите овие незаконски дејствија и понатаму МТСП му овозможува да раководи со финансиските средства на членовите на СРСВМ каде што тој до ден денеска не е член на СРСВМ, вели Димовски.
Димовски тврди дека на 28 јануари годинава добиле известување од Министерството за труд и социјална политика дека тој е впишан како претседател на синдикатот во регистарот на синдикати, но оти и покрај  сите докази, Министерството не доставило известување до Централниот регистар за настаната промена.
– Со недоставувањето на известување, состојбата останува без конечно решение. Со тоа, МТСП врши директен упад во одлучувањето и волјата на членството на СРСВМ, го штити лицето Миќо Стојановски и му овозможува и понатаму да делува спротивно на Статутот на СРСВМ и законите на РСМ. Поради сето горе наведено,СРСВМ ќе ги извести сите амбасади во Република Северна Македонија, како и претседателот на европските синдикати Лука Висентини, вели Димовски.
Тој бара од Министерството евднаш да испрати известување до Централниот регистар и да се направи промената. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер