Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Нова урбана опрема во Општина Карпош

Нова урбана опрема во Општина Карпош
Img 7972

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Општина Карпош постави нова урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци на повеќе локации и тоа во Козле помеѓу кулите на улицата „Јуриј Гагарин“, кај црквата во Жданец, Тафталиџе 1, Карпош 2 на улица „Руѓер Бошковиќ“ и во Карпош 4 на улица „Вич“.

Новата урбана опрема, како што информираат од општината, е поставена на јавни површини, во маалски паркови.

Од локалната самоуправа ги повикува сите граѓани, во овој период да избегнуваат собирања во затворен простор каде што се присутни повеќе луѓе. Препорачуваат кратки прошетки, на свеж воздух и притоа да се почитуваат препораките од здравствените власти во насока на спречување на ширењето на коронавирусот. аа/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Паднаа двајца инспектори – едниот уништувал докази за да си го спаси уапсениот син

Горивата поевтинуваат од полноќ – 24info.mk

Инцидент во Кисела Вода: 72-годишник со остар предмет напаѓал помлад сограѓанин