Утрински Весник
Македонија

Општините Делчево и Македонска Каменица ги укина приемните денови

Општините Делчево и Македонска Каменица ги укина приемните денови

Делчево, 12 март 2020 (МИА) – Општините Делчево и Македонска Каменица од денеска времено ги укинуваат приемните денови во секторите и одделенијата во состав на локалните самоуправи. Целта како што информираат од Општина Делчево е да се превенира појавата и евентуалното ширење на Коронавирусот.

– Како дополнителен механизам кој треба да овозможи и понатаму непречено работење на Општината и во континуитет решавање на проблемите на граѓаните и одговор на нивните барања, се препорачува граѓаните да го користат телефонскиот број на централата на Општина Делчево (033) 411-550 и локалите: за Одделение за урбанизам – локал 115, Сектор за финансии – локал 107; Едношалтерски центар – 114, соопштија од Општина Делчево, се вели во соопштението на Општина Делчево.

Како што додадоа своите барања граѓаните можат да ги достават на официјалниот е-маил info@delcevo.gov.mk, а дополнителни информации и службените контакти на одговорните лица од Општина Делчево можат да добиваат од веб-страницата на Општина Делчево.

Укинувањето на приемните денови и прием на странки, во сите Сектори и Одделенија на локалната самоуправа од денес важи и во Општина Македонска Каменица.

Секојдневна комуникација со Општината, како што додаваат надлежните од оваа општина велат дека ќе продолжи преку приложените официјални e – mail адреси и телефонски броеви, како и на социјалните мрежи преку официјалната страница на Општина Македонска Каменица. вс/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Државните возила ќе добијат таблички во боја до септември

Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани

На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час