Утрински Весник
Економија

Германска комора: Отворени прашања по пресот на Филипче, да се решат во најкус рок

Средби на бизнисмени од земјава, Косово и Албанија

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Вчерашната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче во врска со коронавирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок, реагира денеска Делегацијата на германското стопанство во земјава.

-Не е јасно дали државата или компанијата ќе продолжи да ги исплаќа платите доколку вработениот отсуствува од работното место, доколку компанијата му понуди на членот на семејството флексибилно и поволно за семејството работно време или работа во смени. Отворено е и прашањето во врска со заканата за преземање казнени мерки поради непочитување на мерките кое треба да се разгледа и од аспект на егзистенција на компаниите, вели директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс.

Тој информира дека утре ќе се сретне со вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

-Ќе разговараме за клучните прашања на стопанството. По средбата ќе ве информирам за новите сознанија, наведува Мартенс.

Воедно потсетува дека Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) вчера ги објави резултатите од истражувањето за ефектите од коронавирусот врз германската економија.

-Откажани се саеми, манифестации, настани и патувања, а вработените се праќаат во карантин. Надворешната трговија, особено со Кина, изминатите неколку недели е во застој. Како резултат на вирусот скоро секоја втора компанија во Германија очекува намалување на продажбата во 2020 година. Покрај падот на продажбата, компаниите се соочуваат и со застој во оперативните процеси.
Вкупно 70 проценти од компаниите веќе презедоа заштитни мерки за своите вработени против вирусот корона, 60 проценти имаат потреба да бидат информирани во однос на континуитетот на исплатата на плати,  45 проценти не се чувствуваат подготвени за справување со заразени, но и со можни сомнителни случаи во компанијата. Од гледна точка на компаниите потребно е да се преземат конкретни мерки поврзани со економската политика со цел задржување на персоналот како и ликвидноста на компаниите, пишува Мартенс. мч/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија