Скопје, 12 април 2020
Носителката на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица Дафина Стојаноска од Гостивар е кадар и човек од доверба на бегалецот од правдата Никола Груевски.
Во време кога државата се справува со опасноста од Корона вирусот и добива признание од сите граѓани, Стојаноска е меѓу најгласните во ВМРО ДПМНЕ која напаѓа, бара оставки, во обид да ќарува ситни политички поени.
Иако во последниот состав на Парламентот беше претставник на партијата во собраниските комисии за еднакви можности, човекови права, здравство, Дафина Стојаноска е против правата на жените, не гласаше за Истанбулската декларација, а си молчеше кога режимот на Груевски ги носеше законските решенија со кои ги дискриминираа жените.
Како пратеничка во Собранието од 2014 година Стојаноска покажа колку сака да тргне по стапките на Груевски и наместо за економски развој на Гостивар, на буџетските расправи во Собранието Стојаноска бараше пари за фасади во Гостивар. Фасадите од стиропор со лажен барок на кои во времето на режимот беа фрлени 11 милиони евра се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ.
На Стојаноска не и е туѓ ниту пораз на избори, бидејќи на локалните избори во 2017 година беше елиминирана во првиот круг на гласањето за градоначалник на Гостивар.
ВМРО-ДПМНЕ со понуда на проверени кадри на Груевски си обезбеди сигурен пораз на 12 април.
Граѓаните ќе ги казнат овие политики и ќе го поддржат развојот, напредокот и чесните политики што ги нуди СДСМ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
__________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки