Утрински Весник
Економија

НЛБ Банка со променето работно време на експозитурите и превентивни мерки за коронавирусот

НЛБ Банка со променето работно време на експозитурите и превентивни мерки за коронавирусот

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – НЛБ Банка изврши промена на работното време на експозитурите, согласно со  усвоените мерки на Владата, а по препорака на Комисијата за заразни болести, со цел превенција на ширење на коронавирусот.  Експозитурата во Валандово ќе работи со скратено работно време од понеделник до петок од осум до 12 часот, додека експозитурите Карпош 4, Три бисери, Клинички центар и Соборен храм во Скопје нема да работат.

Исто така, НЛБ Банка воведе превентивни мерки и насоки за заштита на вработените и клиентите:

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГУЖВА

Минимизирајте ја посетата на експозитури, закажувањето на состаноци, директниот контакт со соработници и вработени, како и ракување и долго седење во затворени простории.

ДЕЗИНФИЦИРАЈТЕ СЕ

Во секоја експозитура поставени се средства за дезинфекција. Доколку имате неодложна потреба за посета на некоја од експозитурите, Ве молиме да ги користите средствата за дезинфекција.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ

Контактирајте нé на 02/15-600 и на мејлот info@nlb.mk во било кое време. Дополнително, доколку Ви треба консултација со вработен во некоја од експозитурите, на следниот линк Ви се достапни телефонските броеви и мејл адресите на експозитурите: https://bit.ly/2TZ54H1

КОРИСТЕТЕ ГИ НЛБ CASH–IN БАНКОМАТИТЕ

НЛБ Cash-In банкоматите Ви овозможуваат да реализирате дополнителни услуги како уплата на сметка, платежни картички, кредити, дневен промет и режиски трошоци. Листата на НЛБ Cash-In банкомати Ви е достапна на следниот линк: https://bit.ly/3aDdhr4

КОРИСТЕТЕ МОБИЛНО И ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Користете ги дигиталните канали на Банката кои Ви овозможуваат реализација на сите банкарски трансакции од кое било место и во кое било време. Преку нив можете да имате постојан увид на сите Ваши сметки, да вршите безготовински плаќања, да плаќате обврски за картички и кредити и режиски трошоци, да правите промена на лимитите за плаќање или подигнување готовина со вашите НЛБ Kартички. Повеќе информации можете да добиете на nlb.mk.лв/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија

Вицегувернерката Митреска: Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата следната година