Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Економијата е наш приоритет – до 2024 отвораме 100.000 нови работни места, невработеноста ќе падне под 8 отсто

СДСМ: Исцелителот ли дава идеи за настапите на ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести

 

Скопје, 12 март 2020

Политиките на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија кои носат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард продолжуваат во наредниот мандат, но сега уште повеќе и уште подобро!

Приоритет, прв столб во нашата програма за следниот мандат е економијата.

За две и пол години ја извадиме земјата од финансиски колапс, обезбедивме највисок раст на платите до сега, пад на невработеноста на рекордно ниско ниво, знаеме сме дека во следниот мандат можеме уште повеќе и уште подобро.

За две и пол години отворивме 67.000 нови работни места – во следниот мандат, отвораме нови 100.000 работни места.

Стапката на невработеност ја супштивме на историски најниски 16,6 %, а до 2024 повеќе од двојно ќе ја намалиме, под 8 отсто.

Заложбите за раст на платите во сите сектори, за сите граѓани продолжуваат и во следниот 4 годишен мандат.

До крајот на 2024 ќе имаме минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра.

Досега покажавме дека со СДСМ платите и пензиите растат повеќе и побрзо.

Затоа покрај платите ќе растат и пензиите и тоа за 21% . Распределено по години 6% во 2021, 7% во 2022 и 8% во 2023 година. Минималната пензија ќе порасне од 8.000 на 10.700 денари.

Досега мерките во земјоделството се покажаа како мошне успешни. Затоа продолжуваме по тој пат уште повеќе и подобро. До 2024 година обезбедуваме бесплатна „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците.

Покажавме дека можеме, ќе потврдиме дека можеме уште повеќе и уште подобро.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт