Утрински Весник
Спорт

Европскиот шампион Ливерпул елиминиран уште во осминафиналето

Европскиот шампион Ливерпул елиминиран уште во осминафиналето

Ливерпул, 11 март 2020 (МИА) – Ливерпул не го одбрани трофејот во Лигата на шампионите, откако вечерва во осминафиналето е елиминиран од Атлетико Мадрид. Осминафиналната пресметка им припадна на Шпанците, иако „црвените“ беа на прагот на четвртфиналето, бидејќи вечерва најпрво ја анулираа негативата од 0:1 од првиот меч, а потоа во продолженијата поведоа и со 2:0. Гостите од Мадрид до крајот на дополнителните 30 минути направија целосен резултатски пресврт за конечни 2:3.

Стрелци на головите за Ливерпул беа Жоржињо Вијналдум во 43. и Роберто Фирмињо во 94. минута, додека головите за Атлетико беа дело на Маркос Љоренте во 97. и 105+1. минута и на Алваро Мората во 120+1. минута.

На другиот вечерашен реванш натпревар од осминафиналето во елитното натпреварување, Пари Сен-Жермен ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 и со вкупни 3:2 се избори за четвртфинале.

Претходно место помеѓу осумте најдобри во фудбалската ЛШ обезбедија Лајпциг и Аталанта. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Голема победа за Охрид во првото финале од ЕХФ Европскиот куп

Уапсени 12 и приведени 16 лица пред почетокот на финалето на Евролигата во Атина