Утрински Весник
Спорт

Голден Стејт против Бруклин пред празни трибини

Голден Стејт против Бруклин пред празни трибини
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сан Франциско, 11 март 2020 (МИА) – Кошаркарите на Голден Стејт ќе бидат домаќини на Бруклин пред празни трибини поради страв од ширење на коронавирусот, соопшти НБА екипата од Сан Франциско.
„Поради се поголема загриженост од ширење на коронавирусот, а по консултации со градските власти и округот, донесена е одлука мечот да се игра без присуство на публика“, стои во дописот на „Вориорси“ кои се првите во НБА лигата кои се решија на таков потег.
Ваквата одлука на Голден Стејт дојде по забраната на Сан Франциско за собири со повеќе од 1.000 лица во наредните две недели. Директорот на Националниот Институт за алергии и заразани болести на САД претходно препорача сите натпревари да се играат во празни сали. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место