Утрински Весник
Македонија

МВР: Ширачите на лажни вести за корона вирусот ќе бидат законски санкционирани

МВР го документирала случајот со постот на Б.Т. и го информирало Обвинителството
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуваат и шират непроверени, односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните.

-Лажните вести што создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести, велат од МВР.

Апелираме, додаваат, до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.

-За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот, порачуваат од МВР. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари