Утрински Весник
Македонија

Пожар во авто-отпад во тетовско Непроштено

Пожар во авто-отпад во тетовско Непроштено

Тетово, 11 март 2020 (МИА) – Тетовските пожарникари попладнево интервенираа на голем пожар во авто- отпад во Непроштено.  Пожарот го гаснеле шестмина пожарникари, а била искористена водата од четири камиони.

-Околу 16 часот и 30 минути бевме на местото на пожарот. Беше потребно да се донесат повеќе камиони и да се гасне огнот брзо бидејќи беа зафатени хаварисани возила. Според моја проценка изгореа 30-тина возила од околу стотина кои ги имаше таму. Беше опасно поради честите експлозии од возилата, а пламените достигнуваа и до 20 метри во височина, изјави Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Пожарот бил изгаснат за два часа.ас/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

Нов топол бран од Африка ќе ја зафати нашата Македонија!

Утрово голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино – претреси поради финансиски криминал