Утрински Весник
Спорт

УЕФА откажа два меча во Лига Европа

УЕФА откажа два меча во Лига Европа

Нион, 11 март 2020 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) откажа два меча од осминафиналето во Лига Европа поради опасноста од ширење на коронавирусот. Станува збор за дуелите Севилја – Рома и Интер – Хетафе. Новите термини за нивно одигрување ќе бидат дополнително познати, со напомена, пак, дека дел средбите што не се откажани, ќе се играат без присуство на гледачи.

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес уште вчера нагласи дека неговиот тим нема да патува во жариштето на коронавирусот, па и по цена да биде исфрлен од Европа.

Шпанските власти, пак, од претходно најавија дека нема да примат авион со патници од Рим со оглед дека Италија е најпогодена со Ковид-19 од сите европски земји.

Пред празни трибини синоќа на „Месталја“ играа Валенсија и Аталанта, вечерва во Париз во таков амбиент ќе играат ПСЖ и Борусија Дортмунд, а наредната недела без навивачи ќе се пресметаат Барселона – Наполи. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ