Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците на Централно собрание ги избира кандидатите за пратеници

Алијанса за Албанците на Централно собрание ги избира кандидатите за пратеници

Гостивар, 11 март 2020 (МИА) – Членовите на Централното собрание на политичката партија Алијанса за Албанците, кое се одржува во Гостивар, ќе ги избере кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори.
Според неофицијалните информации, заедно со партијата Алтернатива ќе поднесат листи за четири изборни единици.
На вечерашната седница која е во тек, има две точки на дневен ред, прифаќање на записникот од минатата седница и избор на кандидати за пратеници.
За престојните избори, партијата на Зиадин Сеља ќе настапи заеднички со Алтернатива на Африм Гаши.згм/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Голем пожар во поранешен „Декортекс“ во Радовиш – пожарникарите со натчовечка борба го ставија под контрола

Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Во автобус од Германија пронајдени непријавени 34.965 евра, приведени возачот и патник