Утрински Весник
Македонија

Македонски студенти по право со најдобри резултати на меѓународни натпревари

Македонски студенти по право со најдобри резултати на меѓународни натпревари

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на вториот подготвителен натпревар за Vis moot, што се одржа изминатиот викенд во Софија, во конкуренција на тимови од Франција, Германија, Словенија и Бугарија, освоија најголем број поени.

Македонскиот тим е составен од студентите Филип Србиноски, Филип Зафировски, Софијана Марковска, Ева Цветковска и Христина Михајлоска, предводени од нивните ментори проф. д-р Тони Дескоски и доц. д-р Вангел Доковски.

Студентот Филип Србиноски од Скопје на подготвителниот натпревар во Софија е прогласен за натпреварувач со најдобар индивидуален настап.

Претходно, на првиот подготвителен натпревар за Вис мут (Vis Moot), што се одржа во Зеница, БиХ, македонскиот студентски тим, втора година по ред, освои најголем број поени. Оваа година во Зеница најдобар индивидуален настап имаше Христина Михајлоска.

Целта на Вис арбичрал мут (Vis Arbitral Moot) е да се поттикне изучувањето на меѓународно трговско право и арбитража за решавање меѓународни деловни спорови преку нивно применување во конкретен проблем на клиентот и обука на идните правници за алтернативни методи за решавање спорови. гт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?