Утрински Весник
Македонија

Задолжителна самоизолација на патниците и препорака да не се патува во 19 земји (инфографик)

Пациентот што на Инфективна клиника беше тестиран, нема корона вирус

Министерството за здравство објави листа со 19 земји со среден и висок ризик за патување поради присуството на корона вирусот на нивната територија. Во групата на земји со висок ризик, во која спаѓаат Италија, Кина, Јужна Кореја и Иран, препораката е граѓаните воопшто да не патуваат, додека граѓаните кои пристигнуваат од овие земји во Македонија треба да се подложат на задолжителна самоизолација, во период од 14 дена.

Идентична препорака за избегнување на патувања и задолжителна самоизолација од 14 дена е објавена и за групата на земји со среден ризик, во која во моментов спаѓаат соседна Грција, Австрија, Швајцарија, Германија, Франција, Велика Британија, Шпанија, Холандија, Белгија, Норвешка, Шведска, Јапонија, Малезија и Австралија.

Организиран меѓународен автобуски превоз веќе е забранет кон високоризичните земји, а треба да се посочи дека листата на земји со висок ризик постојано ќе се надополнува со најнови податоци на Светската здравствена организација. Летовите од македонските аеродроми кон Италија веќе се привремено укинати.

Состојбата се менува од час во час, па така, Србија, во текот на денешниот ден воведе забрана за влез на странски државјани што доаѓаат од жариштата на корона вирусот, како што е Италија. Македонски граѓани што патувале со автомобили од Италија се вратени од граничниот премин „Батровци“ на границата меѓу Србија и Хрватска, а ваквата мерка ќе важи и за камионите од товарниот сообраќај.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

(Видео) Траорно сведоштво на мајка на повредено момче од Кочани: Морав да напуштам работа, од државата немаме никаква помош

Синот на Мицкоски матурираше, премиерот му порача дека од октовмри го чекал на Машински

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Милчо Манчевски за сомнителни трансакции од 950.000 евра