Утрински Весник
Македонија

Професионалниот возач од Кочани нема коронавирус

Професионалниот возач од Кочани нема коронавирус
Dik 300x250 mk

Штип, 11 март 2020 (МИА) – Мажот од Кочани, кој од вчера е сместен во изолациска болничка соба на Инфективното одделение во Штип е со негативен тест за корона вирус.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека штотуку пристигнале официјалните резултати од направениот тест, кои покажуваат дека мажот нема коронавирус. Тој истакна дека епидемилозите ја следат неговата здравствена состојба, по што ќе одлучат и кога ќе биде пуштен дома.

Вчера во придружба на епидемилог од Центарот за јавно здравје беше донесен мажот од Кочани, кој имал сомнителни симптоми. Кочанецот е професионален возач и бил во Италија. вдј/вј

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет”

Мицкоски денеска во Брисел на Самитот за проширување на ЕУ