Утрински Весник
Спорт

ПМФЛ: Триумф на Работнички над Шкендија во Тетово

ПМФЛ: Триумф на Работнички над Шкендија во Тетово

Тетово, 11 март 2020 (МИА) – Екипата на Работнички ја совлада Шкендија во Тетово со 1:0 за комплетно враќање на самодовербата во борбата за опстанок по катастрофалните изданија во есенскиот дел што го заврши на последното место на табелата.

Единствениот гол во Тетово го постигна Давид Тошевски во 54. минута на што му претходеше корнер на Себастијан Ерера и кикс на голманот на „црвено-црните“, Костадин Захов. Мисијата за избегнување на пораз на домашните беше отежната по исклучувањата на Зија Мерџани и на Јан Кривак.

Минимална победа славеше и Вардар како домаќин против Струга Трим Лум. Стрелец на погодокот за нови три бода на лидерот на табелата беше Евгениј Новак во 69. минута со што вардарци отидоа на плус 11 од Шкендија која, патем ја загуби и втората позиција на табелата на која до наредното коло ќе биде Силекс, по ремито на кратовци на Чаир против Шкупи.

Прва лига, 23 коло, резултати

Шкендија – Работнички 0:1

Вардар – Струга Трим Лум 1:0

Македонија Ѓорче Петров – Борец 0:2

Академија Пандев – Ренова 0:1

Шкупи – Силекс 1:1

Табела: Вардар 46, Силекс 36, Шкендија 35, Ренова 31, Шкупи 29, Македонија Ѓорче Петров 29, Академија Пандев 28, Работнички 28, Борец 27, Струга Трим Лум 25.

Идно коло: Шкупи – Вардар, Силекс – Борец, Работнички – Македонија Ѓорче Петров, Струга Трим Лум – Академија Пандев, Ренова – Шкендија.  сѓд/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шампионот Струмица со три засилувања во Лигата на шампиони

Пожар го уништи стадионот и клупски простории во Словенија, таму се подготвуваше и Вардар

Тренерот на Тиквеш дојде на натпревар со влечки – Доби експресен отказ