Утрински Весник
Македонија

Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни

Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни

 

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Училишната година не мора да заврши на 10 јуни, истакна на денешната прес-конференција Арбер Адеми, член на Демократската унија за интеграција и воедно министер за образование и наука, во врска со владините мерки да се прекине наставата на 14 дена заради коронавирусот.

– Во основното образование имаме нов Закон за основно образование каде што е предвидено колку наставни денови треба да има училишната година. Исто така е предвидено јасно, кристално, чисто и концизно што треба да направат надлежните институции кога имаме прекин на наставата поради епидемија и вонредни состојби. Имаме две опции. Училишната година не мора да заврши на 10 јуни. Втората опција е подготвување на скратени наставни програми. Пред да се определиме за која било опција треба да се измени и дополни годишниот календар за организирање на настава. Така што образовните институции ќе бидат благовремени известени од нашата страна. Ова изменување и дополнување на календарот може да се направи и сега и по 14 дена, зависно со какви ситуации и состојби ќе се соочиме, рече Адеми.

Адеми посочи дека за средните училишта наставата може да се организира за време на викенди или со скратени програми.

Тој апелира до општините и до самите раководства на училиштата да организираат дезинфекција на образовните институции, конкретно на основните и средните училишта.

Заменик министерот за здравство Арменд Аслани упати апел до сите граѓани кои доаѓаат од ризичните реони при премин на граничните премини да даваат точни информации за да се избегни ширење на коронавирусот. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме