Утрински Весник
Македонија

Комората за извршители со превентивни мерки за коронавиусот

Извршителите на Отворени денови ќе им ја објаснуваат на граѓаните својата работа

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Комората на извршители на Република Северна Македонија донесе превентивни мерки, согласно заклучоците на Владата за преземање на дополнителни и заострени мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот (Ковид- 19).

– Набавка на средства за дезинфекција во секоја канцеларија и редовно вршење на дезинфекција на канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ, ограничување на времето за прием на странки во канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ и утврдување на еден ден во текот на неделата за прием на странки во посебна просторија во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ, како и задолжително носење на заштитни маски од страна на странки кои ќе пристапат во канцеларија на извршителот и Комората на извршители на РСМ и објава на соопштение од секоја канцеларија на извршителот за редуцирање на деновите за прием на странки, се дел од превентивни мерки на Комората на извршители.

Оттаму посочуваат дека  сите писма до канцелариите на извршителите и Комората на извршители на РСМ ќе треба да се доставуваат по поштенски пат. дма/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Зад себе оставаме реформи, а пред новиот министер завршување на започнатите процеси

Мицкоски и Зејнула потпишаа договор – Демократската партија на Турците се приклучи на владејачката коалиција

Ограбен банкомат во „Веро Џамбо“ – неколку лица избегале со пленот