Утрински Весник
Македонија

Повреден рудар во Пробиштип

Повреден рудар во Пробиштип
Dik 300x250 mk

Штип, 11 март 2020 (МИА) – Повреден е 52 годишен рудар изутрина во рудникот за олово и цинк „Булмак“ во Пробиштип. Рударот е со полесни повреди и е испратен на домашно лекување.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи, Гордана Панајотова информира дека изутрината во 8 часот во Полициската станица во Пробиштип од Итната медицинска помош пријавиле дека во 6.20 часот на укажување на лекарска помош е донесен С.Ѓ од селото Филиповци, Општина Картово, а кој при работа во рудникот во Пробиштип се здобил со повреда. Извшен е увид од страна на надлежните институции и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА вели дека пациентот е донесен во болницата, го прегледал ортопед и утврдени му се полесни повреди. Пациентот со лангета е испратен на домашно лекување.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка

Првичните сознанија не укажуваат дека студентката од Косово, која беше пронајдена мртва во Тетово, била убиена

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот