Утрински Весник
Македонија

Поради дефект во напојувањето со струјата, дел од Тетово без вода

Поради дефект во напојувањето со струјата, дел од Тетово без вода

Тетово, 11 март 2020 (МИА) – Голем број домаќинства во Тетово денеска останаа без вода за пиење, откако филтер станицата и новиот водоснабдителен систем имаат прекин во напојувањето со електрична енергија. Дефектот во електродистрибутивната мрежа се случил во четири часот изутринава.

– Како резултат од дефектот на електричниот систем кај филтер станицата и новиот водснабдителен систем имаме намалување на количината на вода во градот. Екипите на ЕВН преземале интензивни оперативни мерки за санирање на дефектот, во текот на денот истиот ќе биде отстранет, информираат од Јавното комунално претријатие Тетово.

Со оглед дека нема вода од новиот водоснабдителен систем, преполовена е количината вода за пиење во Тетово.

– Старата водоводната мрежа има 165 литри вода во секунда што не е доволно за снабдување во градот за кое е потребно 320 литри. Кога ќе се нормализира напојувањето со електрична енергија ќе се вклучат 150 литри вода во секунда, информираат од ЈКП Тетово.

Граѓаните на профилот на претпријатието на социјалните мрежи реагираат и пишуваат дека недостигот од вода сега претставува опасност кога е потребно да се одржува повисока хигиена поради коронавирусот. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

„Велибор Манев рече дека тука има закопано човек, на едно место покриено со гранки“, сведочат полицајци