Утрински Весник
Македонија

Партерно уредување на централното градско подрачје во Делчево

Партерно уредување на централното градско подрачје во Делчево

Делчево, 11 март 2020 (МИА) – Запуштениот простор во централното градско подрачје во Делчево што наликуваше на мини депонија, од денеска партерно се уредува. За градежните работи на уредување на просторот со површина од 220 метри квадратни, како што информираа од Општината, задолжени се екипите на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

– Со механизација и рачно се раскопува стариот бетон и плочките кои беа доста оштетени, а на нивно место ќе се постават бехатон плочки. Се работи за доста фреквентно место во централното градско подрачје на кое итно му беше потребно уредување, информираат од општината.
Понатамошните активности, како што додадоа, предвидуваат и хортикултурно уредување на просторот.
 
– Ова подразбира засадување садници, цвеќиња, поставување урбана опрема како и уредување на дел до просторот наменет за паркирање, соопштија надлежните.
 
Претходно на оваа локација беа санирани и оштетените скали кои поврзуваат со главната улица „Маршал Тито“. вс/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео)Внимание: Замрзнувањето на цените на школскиот прибор се шеги за мали деца

Лукаревска: Ги презедовме сите мерки за да ги заштитиме работничките права

Телефонски разговор Муцунски – Велдкамп