Утрински Весник
Македонија

Од утре поради корона вирусот нема бесплатен превоз за повозрасните граѓани и учениците во Скопје

Од утре поради корона вирусот нема бесплатен превоз за повозрасните граѓани и учениците во Скопје

Од утре, 12 март, поради актуелната состојба со коронавирусот, нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз и се укинува бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жирницата на Водно.

Како што соопшти ЈСП, одлуката е времена, а ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Возач од Берово пијан и без возачка направил сообраќајка

НЕМА ОПАСНОСТ ОВОШКИТЕ ДА ПРЕМРЗНАТ: Доаѓаат пролетни 25°C

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев ни тогаш, ни сега ги негираат снимките на кои Давидовиќ – Дака вели дека на Заев му дал 300.000 евра