Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Извршителот Мицкоски од кај бегалецот Груевски се врати со листа која нуди обнова на режим

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 март 2020

Јавноста виде какви листи му спремил Никола Груевски на својот извршител Христијан Мицкоски само еден ден пред партискиот состанок на ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо не е променто во ВМРО-ДПМНЕ, кандидатската листа е истата груевистичко- режимска кадровска политика која нуди обнова на режимот и враќање назад, ништо повеќе.

Антонио Милошоски,  Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и уште многу други. Олицетворение на режим, неспособност, криминал, корупцијата, изолација, лажни вести.

Кандидатите како Сиљановска Давкова или Дурловски се сејачи на омраза и поттикнувачи на поделби.

Таква е понудата на ВМРО ДПМНЕ  на листите со овие истрошени и стари режимски кадри на Никола Груевски кои извршителот Мицкоски со двете раце ги прифати, а отиде дури и до Будимпешта за тоа.

Затоа Христијан Мицкоски избега од директно изборно соочување со претседателот Заев и не се кандидираше на престојните паралментарни избори. Потврди дека се плаши од Зоран Заев и дека е свесен за изборниот пораз на 12-ти април.

На овие избори, ќе се судрат два концепти и две политички понуди.

Едниот предводен од ВМРО-ДПМНЕ и извшителот Мицкоски кој е концепт на минатото и кој носи враќање назад, изолација, криминал и корупција.

Вториот е предводен од СДСМ и Зоран Заев кој е концепт на сигурна иднина и носи стабилност, повеќе пари, поголеми плати, правда, интеграција во ЕУ и уште поголем и уште побрз напредок.

Граѓаните не сакаат враќање назад, не сакаат изолација, неправда, криминал и корупција. Граѓаните се за концепот на СДСМ кој води напред и обезбедува европска иднина.

Затоа, извршителот Мицкоски може да бега од изборните листи, но од поразот на 12 април не може да побегне.

На 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека силен пораз од граѓаните.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт