Утрински Весник
Македонија

Прекинати обуките за членовите на избирачките одбори во Штип

Прекинати обуките за членовите на избирачките одбори во Штип
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Штип, 11 март 2020 (МИА) – Прекинати се сите едукации за членовите на избирачките одбори, вакви инструкции добила Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, откако вчера во сила стапија владините превентивни мерки против ширење на корона вирус. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека околу 100 здравствени работници, кои биле членови на избирачките одбори ќе бидат заменети со нови членови од државната администрација.

-Чекаме инструкции од Државната изборна комисија за понатамошните активности на членовите на Општинската изборна комисија, вели Андреева.

Во избирачките одбори од администрацијата има 500 членови, од кои околу 100 се од здравствените институции, додека од политичките партии, односно од опозицијата и позицијата во овие одбори се предложени околу 300 членови. Во Штип на предвремените Парламентарни избори треба да се гласа на вкупно 77 избирачки места.вдј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи