Скопје, 11 март 2020
Во пресрет на претстојните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште еднаш докажаа дека не само што не се реформимрани, туку и натаму дејствуваат против стратешките интереси на нашата земја.
Фрапирани сме од кандидатските листи за пратеници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа и прашуваме дали оваа “невкусна чорба” наречена кандидатски листи која произлегува од кујната на белата палата е дело на некои доскорешни високи државни функционери на ДПМНЕ кои беа кочничари на нашите евроинтеграциски процеси?! Дел од номинираните имињата познати се по нивниот анти-ЕУ став и делување.
Но, ја уверуваме јавноста дека граѓаните и натаму цврсто ја поддржуваат нашата евроатлантска интеграција и на најдобар начин тоа ќе го кажат и на 12-ти април. Со почит,
Партија за движење на Турците во Македонија – ТХП
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.