Утрински Весник
Спорт

Нема одложување на Олимписките квалификации во бокс

Нема одложување на Олимписките квалификации во бокс

Лондон, 11 март 2020 (МИА) – Организаторите на квалификацискиот Олимписки боксерски турнир во Лондон  потврдија нема одложување  на борбите поради ситуацијата со коронавирусот.

Квалификациските борби ќе се одржат според предвидениот план, од 14 до 24 март во Лондон.

Македонската репрезентација во состав Јасин Љама и Гоце Јанески во категориите до 63 и 75 килограми, предводена од селекторот Хесус Сојет од Куба од вчера е во престолнината на Англија каде се аклиматизира пред првите борби за три дена.

– Добро се подготвивме за овие квалификации, бевме на заеднички подготовки во Белград со селекцијата на Србија. Ветувам дека ќе дадам се од себе на овој турнир, изјави Љама.

Гоце Јанески кој имаше одличен настап на Балканското првенство во Турција каде освои бронзен медал исто така е оптимист пред почетокот на квалификациите.

– Ќе се претставам во најдобро светло, ветувам дека ќе го дадам максимумот, ова е многу силен турнир, конкуренцијата е голема, ние добро се подготвувавме во Белград со колегите од Србија, истакна Јанески.

Ждрепката е закажана за 14 март. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра