Утрински Весник
Македонија

Делчевската населба Басарица ќе добие канализациска мрежа

Делчевската населба Басарица ќе добие канализациска мрежа

Делчево, 11 март 2020 (МИА) – Општина Делчево започнува активности за поставување канализациска мрежа во населба Басарица. Градежните работи како што информираат надлежните, започнуваат по 15 март, до кога жителите од оваа населба треба да ги обезбедат потребните приклучоци за водоводната, фекална и канализациска мрежа.
-Сакаме да ги известиме сопствениците на објекти и градежни парцели во Басарица кои сѐ уште не ги обезбедиле потребните приклучоци за водовод, фекална и атмосферска канализација дека е потребно тоа да го направат заклучно до 15 март 2020 година. Обезбедувањето приклучок на наведените комунални инсталации предвидени за уредување градежна парцела, ќе биде согласно со Програмата за уредување градежно земјиште, а трошокот ќе биде на корисникот на локацијата, информираат надлежните.
Како што додаваат, во понатамошниот период предвидено е и асфалтирање на неколку улици во населбата Басарица.
-По асфалтирањето трошоците за прекопување улици за приклучок кон комуналните инсталации и доведување на прекопот во првобитната состојба, паѓа на товар на корисникот на локацијата, а во периодот на гаранција на улиците, прекопувањето нема да биде дозволено, додаваат од Општината.
Изградбата на улици во должина од еден километар, според планираното ќе започне по завршувањето на целосното поставување на атмосферската канализација. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути