Утрински Весник
Македонија

Градскиот базен во Куманово нема да работи наредните 14 дена

Градскиот базен во Куманово нема да работи наредните 14 дена
Dik 300x250 mk

Куманово, 11 март 2020 (МИА) – Затворениот градски базен во Куманово нема да работи наредните 14 дена.

Надлежните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, под чии ингеренции е градскиот базен, велат дека базенот нема да работи согласно последните забрани за користење на секаков тип на пливачки базени во државата за период од 14 дена, согласно заклучоците на Владата за превенција од ширење на коронавирусот.

– Ги информираме граѓаните, спортските клубови, дека базенот нема да работи наредните 14 дена, изјави директорот на претпријатието Даниел Стојчевски.

Владата на вчерашната 15. седница, покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот Ковид-19, донесе уште еден, дополнителен заклучок, со кој се забранува користење од секаков тип на пливачките базени на територијата на Република Северна Македонија, за период од 14 дена. ам/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ужас во Скопје: Татко ја силувал малолетната ќерка

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел