Утрински Весник
Македонија

Од денеска нема настава во градинките и основните училишта во Центар

Новото ОУ во Капиштец ќе го носи името „Киро Глигоров“

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Општина Центар ја известува јавноста дека заклучно од денеска општинските градинки и основни училишта нема да работат и одржуваат настава. Мерката за прекинување на воспитно-образовниот процес согласно препораките на Владата, ќе трае 14 дена и ги опфаќа осумте основни училишта и трите градинки заедно со клоновите, кои се наоѓаат на територија на општината.

Овој чекор, како што информираат од Општина Центар, следи по одржаната 15-та седница на Владата и донесените одлуки, препораки и заклучоци од истатата седница, а се однесува на моменталната состојба со коронавирусот.

– Воедно, ги известуваме жителите и дека од денеска, се прекинуваат редовните приемни денови и приемното време во Секторот за урбанизам на општината (вторник и четврток од 13:00 до 15:00).  Архивата на Општина Центар и понатаму ќе продолжи со прием на предмети во редовното работно време, од 9:00 до 15:00 часот, се вели во соопштението од Општина Центар.

Градоначалникот Саша Богдановиќ и Општина Центар апелираат до жителите да ги почитуваат препораките и мерките кои доаѓаат од Министерството за здравство и Владата и да се придржуваат до истите со цел намалување на ризикот од доаѓање во допир и заразување со коронавирусот. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Целиот состав на новиот Централен одбор на СДСМ

Трпезата за Нова година ќе биде поевтина? Се подготвува празнична потрошувачка со над 500 производи

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!