Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО:ДПМНЕ: СДСМ нуди континуитет на криминалот, рекетот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Од метлата на Заев остана само правта што ја крена
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 март 2020 

СДСМ со пратеничките листи не нуди ништо ново освен продолжение на политичката кариера на криминалната банда која е на власт веќе три години. Истрошените кадри на СДСМ не се способни за ништо друго освен криминал, економски колапс и неспособност да се остварат дадените ветувања пред граѓаните.

СДСМ нема капацитет и човечки потенцијал. СДСМ нема нова енергија и нови кадри. СДСМ очајно се обидува да ја спаси кожата на компромитираните кадри и да обезбеди нивен политички имунитет. Носителите на листите единствено можат да се пофалат со огромни скандали и афери во политички кариери и ништо конструктивно направено за државата освен штитење на личните интереси .

Заев е единствениот лидер аболициран за тежок криминал. Николовски го уништи земјоделието. Шекеринска е дел од криминалната транзиција. Спасовски е најнеуспешниот министер за внатрешни работи. Никола Димитров го растури МНР и го потпиша штетниот Преспански договор , а Мила Цароска со своите нелегални активности во министерството за труд и социјала е олицетворение на неспособност, лицемерие,криминал, лаги и манипулации.

Посебна приказна се луѓето на листите како Панчо Минов и Зеќир Рамчиловиќ кои се синоним за морална ерозија.

Со вакви кадри поразот на СДСМ е очигледен и неизбежен. СДСМ не успеа да понуди ништо ново освен еден континуитет на лагите, измамите и манипулациите.

Обновата доаѓа на 12 Април со пораз на компромитираните кадри на СДСМ. Македонија ќе победи и ќе ги испрати СДСМ засекогаш на политичкото буниште каде што и заслужуваат да бидат.

Гласот за ВМРО-ДПМНЕ е глас за обнова, а гласот за СДСM е глас за криминалот кој мора да биде поразен.

СДСM не се менува и останува партија заробена од Заев и Шекеринска кои се последните остатоци на криминалната транзиција. За спас на Македонија, транзициските криминалци мора да бидат казнети за штетите кои ги направија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт