Утрински Весник
Македонија

СЦ „Борис Трајковски“ нема да работи во наредните 14 дена

СЦ „Борис Трајковски“ нема да работи во наредните 14 дена
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Спортскиот центар „Борис Трајковски” нема да работи во наредните 14 дена. Во соопштението на СЦ „Борис Трајковски”, се вели дека оваа одлука е донесена согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство.

– Се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, дека од 11.03.2020 , па во наредните 14 дена, нема да работи. Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат без публика, информираат од СЦ “Борис Трајковски”.оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ е на раб на исчезнување по изборното цунами, велат од ВМРО-ДПМНЕ и го повикуваат Филипче да си поднесе оставка

Првичните сознанија не укажуваат дека студентката од Косово, која беше пронајдена мртва во Тетово, била убиена

73-годишна жена уапсена во Неготино, си го запалила домот