Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка 20 сантиметри снег, во Маврово седум

Попова Шапка чека стабилно време за да може да се скија

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – На Попова Шапка има 20 сантимери снег, а во Маврово седум. На други места нема позначителна снежна покривка, соопшти УХМР.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврнал во Крива Паланка четири литри на метар квадратен и во Струмица два.

Најстудено, пак, утрово е во Крушево, Крива Паланка, Берово и Маврово со -2 степена, а најтопло во Гевгели и Дојра каде што се измерени пет степени.

Времето денеска ќе биде умерено облачно, повеќе облачност ќе има во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периди и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие