Утрински Весник
Македонија

Сите информации и препораки за коронавирусот на веб страницата http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Сите информации и препораки за коронавирусот на веб страницата http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Сите информации за коронавирусот, прес-конференции, одлуки од седница на влада, прашања и одговори, како и листата на земји со ниско, средно и високо ниво на ризик од коронавирус можат да се следат на веб страницата http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/.

Министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук станица објави дека страницата се ажурира, но можни се повремени отстапувања.

Според последните објавени информации за состојбата со кронавирусот во земјава, шест пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се стабилни, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа вчера по втор пат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот и повторно е негативна на коронавирус.

Од денеска во сила се дополнителни засилени мерки против ширење на коронавирусот. Превентивно, во наредните 14 дена затворени се градинките, училиштата, факултетите, студентските домови, забранети се масовни јавни настани, организирани патувања во високоризичните држави.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека Бујар Османи е политичар кој внесува поделби и омраза

Едно лице извршувало две неспоиви функции во Битола, платило глоба, но не се откажало од една од функциите

Времето утре сончево и топло, за викендот локален пороен дожд и грмежи