Утрински Весник
Спорт

Тениските турнири во Шпанија ќе се играат без публика

Тениските турнири во Шпанија ќе се играат без публика

Мадрид, 11 март 2020 (МИА) – Шпанската тениска федерација објави дека претстојните турнири во земјава ќе се одржат без навивачи на трибините. Оваа одлука е донесена заради закана од ширење на коронавирус.

Најголемиот од претстојните турнири ќе се одржи во април во Барселона.

Поради коронавирусот, оваа недела беше одлучено да се одложи Мастерсот во Индијан Велс во САД, додека организаторите на турнирот во Мајами се надеваат дека мечевите ќе се играат во предвидениот термин во втората половина на март. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026

Галатасарај убедлив против Јувентус, ПСЖ со пресврт го совлада Монако

Стартува плејоф фазата во Лигата на Шампиони