Утрински Весник
Спорт

Иличиќ трет фудбалер во ЛШ со 5+ голови во двомечот од плејофот

Иличиќ трет фудбалер во ЛШ со 5+ голови во двомечот од плејофот

Валенсија, 11 март 2020 (МИА) – Фудбалерот на Аталанта, Јосип Иличиќ се запиша во историјата на Лигата на шампионите откако постигна пет гола на два натпревара од осминафиналето со Валенсија.

Триесет и двегодишниот словенечки репрезентативец стана само третиот играч во историјата на елитното натпреварување по Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои успеаја да постигнат најмалку пет гола во двомеч од плејофот.

Меси има постигнато шест гола на натпреварите со Баер Леверкузен во сезоната 2011/12, а Роналдо постигна пет  со Баерн Минхен сезоната 2016/17.

Аталанта синоќа победи на гостувањето кај Валенсија со 4:3 и со вкупни 8:4 се пласира во четвртфиналето. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026