Утрински Весник
Македонија

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива в четврток на координација кај Спасовски

Спасовски: Законот за јазиците е јасен

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски за в четврток во 13 часот закажа координација на претставници на политичките партии во врска со реализацијата на владините мерки за справување со корона вирусот.

На координацијата, како што потврдија од Владата, присуство потврдиле лидерите и плус уште еден претставник на партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива.

Од Владата на брифинг со медиумите порачаа дека сега никој не треба да профитира политички.

– Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето е политика што сакаат да ја пласираат. Во овие услови на ваква криза секој оној кој ќе калкулира за политика, за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, некој да гради своја среќа на туѓа несреќа е осудено на пропаст, истакнуваат од Владата.

За лидерската денеска потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерска средба за состојбата со коронавирусот ќе се одржи в четврток во 13 часот,  информира вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоки, по седницата на Централниот комитет на која беа објавени кандидатите за пратеници и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори.

Тој рече дека на средбата ќе биде придружуван со некој од сопартијците кои се одговорни за ресорот здравство. ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места 

Андоновски – Гавковски: Полска и Министерството за дигитализација ќе биде најголем поддржувач на европската интеграција на Македонија

Исклучен Термоблок 2 во РЕК Битола поради заштитна реaкција, поведена е истрага