Утрински Весник
Македонија

МЗ: Негативни се резултатите кај првозаболената и кај шеснаесетгодишната пациентка

МЗ: Нацрт текстот на Законот за лекарска дејност отворен за предлози од стручната фела, невладиниот сектор и граѓаните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Негативни се резултатите на првозаболената пациентка со коронавирусот, информира денеска Министерството за здравство. Таа била вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Негативна на коронавирус е и 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.

Во меѓувреме, како што информира Министерството, тестирани се и другите двајца пациенти кај кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.

-Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

На денешната владина седница, се усвоија нови дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните во целост да ги почитуваат и следат нивните препораки.бт/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари