Утрински Весник
Економија

Намалени увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи

Во август намалени увозните цени на горивата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се пониски за 1,7 отсто на месечно ниво и повисоки за 9,1 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2020 година, цената на моторниот бензин пораснала за 0,6 отсто на месечно, а за 20,5 отсто на годишно ниво. Цената, пак, на дизел горивото се намалила за 3,0 отсто на месечно ниво, а пораснала за 6,1 отсто на годишно ниво, додека цената на ТНГ горивото пораснала за 3,2 отсто на месечно, односно на 2,9 отсто на годишно ниво.

Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во калкулациите при склучувањето на градежните договори. вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Магистралните гасоводи за кои се вложени над 143 милиони евра се уште не се ставени во употреба

УЈП со повик до организаторите на зелени пазари до 31 декември да поднесат Извештај ПДД-И/ЗП

МФ: Нови 14,2 милиони евра поддршка за домашните компании