Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Општина Карпош: Насочување на младите за полесен избор на средно училиште

Општина Карпош: Насочување на младите за полесен избор на средно училиште
300x250 opst2

Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Учениците од деветите одделенија од основните училишта „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе и „Аврам Писевски“ во Бардовци ќе имаат можност да добијат кариерно советување и насочување, што подразбира, учениците на полесен начин да го селектираат средното училиште во кое сакаат да го продолжат своето образование.

Како што соопштија од Општина Карпош, стручни лица ќе работат со младите, со цел полесен избор на средно стручно училиште или гимназија. Тоа, сметаат од Општината, треба да придонесе и во трасирање на патот на младите луѓе и мапирање на нивниот интерес за идна работа или продолжување со високо образование.

Денеска, за оваа цел беше воспоставена и соработката меѓу Општина Карпош и Асоцијацијата на советници за развој на кариера, при што беше склучен и Меморандум за соработка.

– Некои од вас, веројатно знаат веќе каде сакаат да запишат средно, но сигурно има и многумина кои се двоумат. Сега, може да дознаете дали ве интересира повеќе средно стручно училиште (економски, правен смер) или гимназија, и на тој начин да се насочите, што сакате да учите, а потоа и полесно да изберете факултет, идно работно место, и да бидете поконкурентни на пазарот на трудот, рече Богоев.

Тој, низ разговор со младите зборуваше и за иницијативата за ресетирање на Младинскиот совет во Карпош. Имено, во ова младинско тело, Законот за младинско учество и младински политики предвидува вклученост и на училишните заедници.

На денешниот настан се обрати и претседателката на Асоцијацијата на советници за развој на кариера, Ивана Дојчиновска – Стојановиќ. Таа истакна дека Општина Карпош е првата локална самоуправа во која се имплементира ова кариерно насочување на учениците и нивната намера е да бидат опфатени што е можно поголем број на ученици. сст/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 лица во затворите

Жена од САД добила на суд, „адвокат“ и бил Чат ГПТ

Кондарко: Непречено гласањето во Ново Село, исправена е печатната грешка, без проблеми и гласањето во останатите места