Скопје, 10 март 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги откажа сите активности во наредните денови, а откажани се и сите настани од партиската агенда со цел да се превенира ширење на коронавирусот.
– Иако денеска беа закажани средби на претседателот Зоран Заев со неколку стопански комори, а утре и задутре беа предвидени партиски настани во повеќе граѓани, политичкото раководство на СДСМ одлучи да се откажат настаните, бидејќи нема поголема вредност од јавното здравје, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешата прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.
Николовски на прес-конференцијата ги објасни петте столба на програмата на СДСМ, за повисоки плати, развој, напредок на државата.
Во живо: Прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Во живо: Прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Вторник, 10 март 2020